11.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

ФК Пелистер: „Ги прекинуваме сите институционални односи со ФК Вардар“

Фудбалскиот клуб Пелистер излезе со соопштение во кое информираше дека се оштетени дел од столчињата на старата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на која беа сместени навивачите на ФК Вардар и поради тоа во иднина нема да дозволи присуство на гостински навивачи на нивниот стадион.

Воедно, битолчани информираа дека ги прекинуваат сите односи со вечнот ривал, пред сè поради, како што велат, неспортските коментари и големото обезбедување на раководството на Црвено-црните.

Во продолжение комплетното соопштение на ФК Пелистер.

ФК Пелистер ја известува јавноста дека дел од столчињата и трибинскиот простор на јужната трибина, каде што се наоѓаа навивачите на Вардар на натпреварот Пелистер – Вардар на 5 ноември, се оштетени и сквернавени. Заради заштита на нашиот стадион, во иднина нема да дозволиме присуство на гостински навивачи на стадионот ‘Петар Милошевски’. Исто така сакаме да ги апострофираме некоректните изјави на одредени медиуми и постови на социјалните мрежи на високи претставници на ФК Вардар, кои иницираат омраза и инциденти. Ако на ова го додадеме присуството на големо обезбедување на извршниот директор на Вардар, минатата година и наоружано, во свечената ложа на стадионот ‘Петар Милошевски’, одлучивме да ги прекинеме институционалните односи со ФК Вардар. Ваквиот принцип не е наш принцип и не сакаме да бидеме дел од ваков однос и соработка. За оваа управа на ФК Вардар нема повеќе место на нашиот стадион, во нашата свечена ложа, во нашиот ВИП простор. Пелистер ќе го почитува секој оној што ќе покаже почит кон Пелистер. Во случај на промени и поставување соодветни лица, достојно за имиџот и традицијата на ФК Вардар, спремни сме да подадеме рака на соработка“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.
- Оглас -

Најнови вести