4.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

ФК Работнички: „Се залагаме за спортска и витешка игра на фудбалските терени“

Фудбалскиот клуб Работнички излезе со соопштение во врска со пишувањата на одредени медиуми, а поврзани со случувањата на пријателскиот меч против Охрид Лихнидос, кој заврши со победа на Романтичарите од 8-2.

Во продолжение комплетното соопштение на ФК Работнички.

Фудбалскиот клуб Работнички како клуб со интегритет и традиција апсолутно секогаш е во заложба за максимално спортска и витешка игра на фудбалските терени и ќе продолжи да го прави тоа чесно и со единствена намера за почитување на ферплејот и негувањето на вистинските спортски вредности. Клубот ја информира јавноста дека на каков било начин не е вклучен во инсинуациите и можните обиди за заткулисни игри околу резултатот на пријателскиот натпревар против Охрид Лихнидос. ФК Работнички има единствена цел што е можно подобро да го подготви тимот за вториот дел од сезоната и во таа насока и со чисто спортски намери го одигра натпреварот. Клубот секогаш ќе вложува максимални напори за чист фудбал и за респект кон противниците и кон натпреварувањето и во таа насока апсолутно ѝ стоиме на располагање на Фудбалската федерација на Македонија за каква било помош и соработка“, се вели во соопштението на ФК Работнички.

- Оглас -

Најнови вести