ФК Тиквеш: Не прифаќаме промена на местото на играње, ФФМ под притисок ја смени одлуката

ФФМ иако најпрвин најави дека бараж мечот за влез во првата лига меѓу Тиквеш и Восњка Спорт ќе се игра во Прилеп, сепак неколку часа подоцна од необјасниви причини ја промени одлуката.

Од Тиквеш се жалат на ваквата одлука и сметаат дека истата е донесена поради притисок кон ФФМ.

„Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждреб за одредување на противниците за бараж натпревар за Прва МФЛ.

На денешниот ждреб, нашата екипа ја доби екипата на Воска од Охрид и тој натпревар од страна на ФФМ беше закажан да се одигра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Меѓутоа по неколку часови пристигна официјален меил од страна на ФФМ дека овој натпревар од необјасниви причини ќе се одигра на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје.

Ние како клуб НЕ ПРИФАЌАМЕ промена на местото на одигрување на овој натпревар, затоа што на денешниот состанок меѓу екипите и претставници на ФФМ беше закажан овој натпревар да се игра во Прилеп и мислиме дека Фудбалската федерација на Македонија ПОД ПРИТИСОК ја промени својата одлука за натпреварот да се одигра во Скопје“ стои во соопштението на ФК Тиквеш.

Датумот за одигрување на средбата е 22 мај во 17 часот, а останува да се види дали ќе има нова промена на одлуката на ФФМ.

 

- Оглас -

Најнови вести