16.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

ФК Вардар е еден од само 15 тима во Европа кои сезонава немаат пораз

Скопски Вардар кој има 10 победи и три нерешени резултати после 13 кола во Првата македонска фудбалска лига, е еден од само 15 тима во Европа кои сезонава немаат лигашки пораз на домашна сцена.

КИ Клаксвик од Фарски острови веќе ја заврши сезоната (одиграа 27 меча) без пораз, таму лигата се игра во летниот период, а Вардар е еден од 14-те кои уште имаат теоретска шанса сезонава да ја завршат без лигашки пораз.

Освен Вардар и Клаксвик, непоразени се и Порто, Диферданж, Славија Прага, Хартс, Баерн Минхен, Фенербахче, Арарат, Виртус, Тре Фиори, Бенфика, Линколн, Рандерс и Санта Колома.

Најдолго без пораз е Славија Прага која зад себе има 15 кола, но во нив извојува девет победи, додека Вардар има 10 победи на 13 меча.

- Оглас -

Најнови вести