ФК Вардар: Продолжуваме со деблокада на сметката, подигната е блокадата за 3,2 милиони евра

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја информира јавноста дека продолжува со интензивна деблокада на сметката на клубот. Во овој момент подигната е блокадата од 3 милиони евра што беше поставена од УЈП и блокадата од 200.000 евра од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Во соопштението на ФК Вардар се вели:

„АД ФК Вардар од Скопје на овој начин ја информира заинтересираната спортска и општествена јавност дека продолжува со интензивна деблокада на сметката на клубот.
Во овој момент подигната е блокадата во вредност од три милиони евра (3.000.000 евра) што беше поставена од УЈП и подигната е блокадата од двесте илјади евра (200.000 евра) што беше поставена од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.


Штетата и долговите што намерно или од незнаење ги имаат направено предходните управи, а немале капацитет, знаење и желба да го одглават клубот од ова финансиско ропство, актуелното раководство го решава во исклучително краток рок.

Долговите правени цела една декада ќе бидат расчистени за период од 5 месеци од комплетното ново формално-правно менаџирање со Акционерското друштво.

Сите доверители, приватни лица или стопански субјекти на кои ќе им бидат подмирени блокадите во целост, на веб-страницата на АД ФК Вардар ќе бидат поименично објавени со полно име и комплетна сума за да може јавноста и навивачите да имаат јасна и прецизна слика за побарувачите и сумите.

Во меѓувреме, сите тековни трошоци на клубот од летоска наваму се навремено и стоотстотно исплатени.“

- Оглас -

Најнови вести