Фудбалскиот клуб Вардар официјално покрена иницијатива за итна смена на комесарот за делегирање судии, Марјан Ристески.
Вардарци вината за неуспесите ја бараат во своите редови, но во консултации со стручни лица дошле до заклучок дека токму тие се најоштетен тим од судиските грешки во досегашните 11 кола.
Црвено-црните бараат поддршка и од другите клубови за смена на Ристески и воведување на ВАР-технологијата од следната сезона.