Фламенго победи, Копакабана „збесна“ (Видео)

Фудбалерите на Фламенго направија голем пресврт во второто полувреме стигнаа до победа против Челзи. Англискиот тим важеше за фаворит пред мечот, но Фламенго одигра фантастично во последните 30 минути. Бразилците постигнаа три гола и стигнаа до победа која ги одведе на првото место на табелата со максимални шест бодови и сигурно ќе игра и во следната фаза.

Победата на Фламенго посебно со голема страст ја прославија неговите навивачи. Во Рио де Жанеиро имаше групно гледање на дуелот и тоа на легендарната плажа „Копакабана“. При секој гол на Фламенго следуваше еуфорична радост која е карактеристична за јужномаериканските фанови.

- Оглас -

Најнови вести