Фламенго со Жоржињо ќе биде тврд орев за Челзи

6000 Бенфика – Оукленд сити (18.00 часот)

Откако примија 10 гола од Баерн Минхен, сега целта на новозеландскиот тим ќе му биде да прима што помалку во дуелот со Бенфика, која е апсолутен фаворит и само прашање е со колку голови разлика ќе го добие овој меч на „мачка и глушец“. Лисабонските Орли во првото коло одиграа 2-2 со Бока јуниорс, што за нив беше четврти меч по ред без победа. Денеска сигурно ќе победат против аматерите од Океанија, и тоа убедливо, но тешко дека ќе приредат голеада како таа на Баварците.

Предлог тип: Т1 4-6 (1.94)

 

3531 Славија Мозир – БАТЕ Борисов (19.00)

Иако за пошироката јавност БАТЕ е многу попознат клуб, сепак сезонава сликата е поинаква и Славија е голем фаворит за победа. По 12 кола во белоруската лига, Славија е втора, а БАТЕ дури 11-ти и разликата помеѓу нив е 12 бода. Славија оди по петтата победа едноподруго, а БАТЕ е во тешка криза, во последните пет кола освои само еден бод. БАТЕ на гости или победува или губи, последното реми му беше уште на први септември минатата година. Тимот од Борисов победуваше на последните три гостувања во Мозир, сега е шанса за Славија да ја прекине традицијата и првпат по четири години да го победи БАТЕ.

Предлог тип: 1 & ГГ (3.90)

 

6733 Холандија У19 – Англија У19 (19.00 часот)

Ова ќе биде интересен меч бидејќи Англичаните не смеат да загубат, а и со реми би ризикувале да не влезат во полуфиналето на ЕП за играчи до 19 години. Холандија ги доби првите два меча со вкупна гол-разлика 5-0, а Англичаните против истите ривали одиграа нерешено и ефикасно и имаат гол-разика 7-7. Младите Лалиња секако се први во групата, па може и да калкулураат, затоа на овој меч во Букурешт, фаворит е Англија.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.87)

 

6732 Фламенго – Челзи (20.00 часот)

Дуелот на Бразилците и Англичаните може да го одреди победнкот во групата на Светското клупско првенство во која овие два тима се фаворити за првите две места и победија во првото коло со по 2-0. Сините од Лондон важат за фаворити за победа, но 5 од последните 6 дуели на екипи од Европа и Јужна Америка завршија нерешено. За Фламенго игра Жоржињо, кој од 2018 до 2023 година играше за Челзи, а тренер им е некогашниот лев бек Филипе Луис, кој во минатото одигра една сезона за Челзи.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

1278 Шелбурн – Дери сити (20.45 часот)

Ова се соседи на табелата во ирската лига, Шелбурн е петти и во моментов има два бода повеќе од шестиот Дери сити. Домашните добија два од последните четири лигашки натпревари, додека Дери четири кола по ред не знае за победа. Двата тима имаат примено по 22 гола, но треба да се знае дека Дери има одиграно и два меча помалку. Квотите за конечен тип најавуваат неизвесен меч. Последниот меѓусебен дуел со Шелбурн како домаќин беше во февруари и Шелбурн победи со 3-1, пред тоа осумпати по ред одиграа со 0-2 гола. Но, пред еден и пол месец, Дери како домаќин победи со 2-0.

Предлог тип: Х било кога (1.62)

- Оглас -

Најнови вести