-6.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Флечер: Разочаран сум затоа што требаше да победиме

Манчестер јунајтед го смени тренерот Рубен Аморим, но не ја смени навиката да ги разочарува своите навивачи, па на гостувањето кај Барнли одигра само 2:2, во меч од 21 коло на Премиер лигата. Барнли е тим кој е на претпоследното 19. место на табелата во англиското првенство со само 13 бодови, но успеа да одигра нерешено против некогашниот англиски гигант.

На клупата на Манчестер на овој меч беше некогашниот играч од „златните времиња“ на Манчестер, Дарен Флечер, кој не го криеше разочарувањето што неговиот тим не освои три бода од ова гостување.

„Разочаран сум, затоа што требаше да победиме. Создадовме многу шанси, имавме многу шутеви кон противничкиот гол и ако се гледа по доминацијата која ја имавме, требаше да победиме. Не беше перфектен мечот за нас, но одигравме добро. Започнавме бавно во првото полувреме, но потоа во вториот дел постигнавме два фантастични голови. Имаме уште многу да работиме, да се подобруваме за да стигмене до нивото кое го посакуваме“, рече Флечер.

Манчестер јунајтед има само една победа во последните шест меча во првенството и моментално е на седмото место на табелата со 32 бодови.

- Оглас -

Најнови вести