Флик му даде шанса на тинејџерот, а тој прво што направи беше да згазне на столчето на тренерот (Видео)

Барселона има старт од соништата во домашното првенство. Каталонскиот гигант нареди седум победи во првите седум кола, а Ханси Флик е само третиот тренер кому ова му успеало во долгата историја на каталонскиот гигант.

На дуелот против Вилјареал, Флик реши во составот да го внесе и младиот 16-годишен Тори Фернандес. Тинејџерот беше на клупата за резерви, но самото тоа што е повикан во сениорскиот тим за него е едно големо искуство.

Сепак, не тргна најдобро овој меч за Фернандес и уште непочнат мечот доби „жолт картон“ од тренерот. Кога Фернандес се подготвуваше да седне на клупата за резерви, со нозете згазна директно на столчето наменето каде што треба да седи тренерот Флик.

Германскиот стратег го забележа овој потег и му упати устар поглед на младиот фудбалер, одржувајќи му лекција дека такво нешто во иднина не смее да му се случи.

- Оглас -

Најнови вести