Флик: Бенфика не е лесен противник, ни направија многу проблеми минатиот пат

Барселона е клуб кој беше оценет како најсреќен при денешната ждрепка за Лиугата на шампионите, има осминафинале со Бенфика, па евентуално четвртфинале со Борусија Дортмунд или Лил.

Тренерот на Каталонците, Ханси Флик, не мисли дека Бенфика е слаб тим ротив Барса само ќе се прошета, и потсети на мечот со Лисабон од пред точно еден месец. Орлите водеа со 3-1 на полувреме, и 4-3 во 85-та минута, но на крајот Барса победи со 5-4 во тој спектакуларен дуел од лигашката фаза во ЛШ.

„Мислам дека ќе биде тежок натпревар. Тие се силни, играат многу добро и ние веќе го видовме тоа, ни направија голема штета минатиот пат. Нема лесни противници. Ќе биде тежок натпревар“, вели претпазливиот Флик.

Флик беше запрашан и дали би сакал да се соочи со Реал Мадрид во хипотетичко финале, но тренерот на Барса сакаше да ја ублажи еуфоријата.

„Прво треба да стигнеме до финалето. Сакаме да стигнеме таму, па патот е долг. Прво ја имаме Бенфика, која е одличен тим“, рече Флик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести