Барселона без многу проблеми со 3:0 ја победи Мајорка и сигурно останува на чело на табелата во шпанската Примера дивисион. Каталонскиот гигант водеше со 1:0 на полувреме, но тренерот Ханси Флик беше незадоволен од играта во првите 45 минути на овој меч.
„На полувремето ги прашав фудбалерите дали се задоволни од тоа како одиграа. Ми рекоа дека не се задоволни. Во второто полувреме бевме многу подобри. На следниот меч против Атлетико Мадрид не смее да се случи да одиграме како против Мајорка во првиот дел. Тоа не е нешто што го сакам“, рече Флик.
Веќе во вторник Барселона ќе гостува кај Атлетико Мадрид во првиот меч од полуфиналето во Купот на Шпанија. Флик знае дека тоа ќе биде многу голем предизвик за Каталонците.
Барселона е во одличен ритам кога се работи за дуелите против Атлетико. Во последните 10 меѓусебни дуели, каталонците имаат осум победи, еден меч завршил нерешено, а Атлетико има само една победа.

