Барселона се подготвува за денешниот дуел против Хетафе, а тренерот на каталонците Ханси Флик уште не може да смета на еден од најдобрите во тимот, Ламин Јамал. Тинејџерот се повреди додека играше за репрезентацијата на Шпанија, па пропушти неколку важни дуели на каталонскиот гигант.
Според германскиот сратег Флик, Јамал има квалитет за да ја освои Златната топка во кариерата. Шпанскиот тинејџер и сега е еден од главните фаворити за ова престижно признание, а добитникот ќе биде познат на гала свеченост во Париз.
„Еден ден ќе го видиме Јамал како ја добива Златната топка“, рече Флик, кој е номиниран во категоријата за најдобар тренер. „За мене е чест што сум дел од тоа друштво“, додаде тренерот на Барселона.
Освен Јамал, меѓу 30-те играчи од цел свет кои се во конкуренција за добивање на Златна топка за оваа сезона, од Барселона се уште и Рафиња, Педри и Левандовски.