Флик го најави доаѓањето на Шченсни во Барса: Ни треба искусен голман!

По тешката повреда на првиот голман Марк-Андре Тер Штеген, Барселона одлучи да донесе нов чувар на мрежата. Во овој период од сезоната може да земат само некој слободен голман, а сите најави се дека изборот паднал на пензионираниот Војќех Шченсни, или Штенсни како што го изговараат Полјаците.

Роберт Левандовски го убедил сонародникот да се реактивира и да дојде кај него во Барса.

По победата од 1-0 синоќа против Хетафе (бранеше Ињаки Пења), тренерот Ханси Флик говореше на оваа тема.

„Задоволен сум од Ињаки. Тој има 25 години и останатите голмани се многу млади, а ако се случи нешто, ќе ни треба голман со искуство. Деко и јас имавме дискусии и размислувавме за ова. Работиме на счучајот“, рече Флик.

Полјакот би можело веднаш да игра и во Ла Лига и во Лигата на шампионите бидејќи прописите на УЕФА дозволуваат приклучување на голман во случај на сериозна повреда и ако нема двајца достапни на списокот А. По повредата на Тер Штеген, само Ињаки Пења е достапен кај Барса од регистрираните на голманската позиција.

- Оглас -

Најнови вести