14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Флик го убедил Гундоган да продолжи да игра за Германија

Играчот за врска на Манчестер сити, 30-годишниот Илкај Гундоган, одлучил да продолжи да игра за германската репрезентација.

Гундоган по ЕВРО 2020, на кое Германија испадна уште во осминафиналето, сериозно размислуваше да стави крај на репрезентативната кариера, како што направи неговиот партнер од средниот ред на популарниот Маншафт, Тони Крос.

Сепак, по разговорот со новиот селектор Ханс Дитер Флик, Гундоган реши да продолжи да настапува за својата земја. Гундоган за Германија има 49 настапи и 11 гола.

- Оглас -

Најнови вести