Се чини дека Барселона е на прагот да договори големо засилување за следната сезона, откако пропадна трансферот на Нико Вилијамс. Тренерот и претседателот на „каталонците“, Ханси Флик и Жоан Лапорта, веќе одржале состанок со Пини Захави, менаџерот кој ги застапува Маркус Рашфорд и Френки де Јонг.
Според шпанските медиуми, тема на разговор бил можниот трансфер на англискиот репрезентативец, кој според нив веќе е договорен, но и продолжувањето на договорот на Де Јонг.
Останува уште Барселона и Манчестер јунајтед да се договорат околу обесштетувањето за Рашфорд, кој во моментов вреди 50 милиони евра, но се чини дека сумата која ќе ја платат „каталонците“ ќе биде пониска, бидејќи „црвените ѓаволи“ сакаат по секоја цена да се ослободат од Рашфорд.