По победата од 1-0 против Рајо Ваљекано, со која Барселона се искачи на прво место на Ла Лига, тренерот на Каталонците, Ханси Флик, рече дека е среќен што совладале екипа која до пред овој меч имаше серија од девет меча по ред без пораз.
Имаше и спорни моменти, како пеналот за Барселона, слична ситуација на другата страна не беше окарактеризирана како пенал, а на Рајо му беше поништен гол.
„Не сум ја видел ситуацијата за поништениот гол во повторена снимка. Имаме ВАР-систем и јас верувам во ВАР, тоа е сè што можам да кажам“, рече Флик.