Барселона го претрпе првиот пораз во новата сезона откако со 1:2 на свој терен загуби од Пари Сен Жермен во меч од второто коло на Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант водеше со 1:0, но пред крајот на првиот дел прими гол за 1:1, а во последната 90-та минута, ПСЖ го комплетира пресвртот со погодокот на Рамос.
По средбата, тренерот на Барселона, Ханси Флик, причината за поразот ја пронајде во недоволната физичка подготвеност на неговите играчи.
„Во првото полувреме игравме многу подобро, но во вториот дел се изморивме. Му оставивме премногу простор на противникот, што е недозволено за ривал со таков квалитет. ПСЖ е одличен тим, со многу млади и брзи фудбалери. Тие одиграа одличен натпревар, додека ние не го покажавме тоа што најдобро го знаеме. Победата на ПСЖ е заслужена“, рече Флик по дуелот со актуелниот европски првак.
За разлика од Флик, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше пресреќен.
„Тоа беше величествен дуел. Два тима кои сакаат да играат фудбал, да се надигруваат, без непотребни фаули. Мечот беше со голем интензитет. Барселона добро започна, но потоа ние заигравме многу подобро. Според мене, во второто полувреме бевме подобар тим“, задоволно коментираше Енрике.