Поранешниот германски репрезентативец, Лотар Матеус, смета дека Ханси Флик е идеално решение за тренерското столче во Барселона.
Германецот во наредните денови и официјално ќе биде промовиран во нов тренер на Барселона откако Чави Ернандес доби отказ по последното коло во Ла Лига.
„Стилот кој го форсира Ханси Флик ѝ одговара на Барселона. Со Пеп на клупата, Барселона беше спектакуларна и играше фантастичен фудбал. Со Ханси, Барселона може да ја врати таа магија“, изјави Матеус за „Билд“.