Лерој Сане има незгодна повреда на бутниот мускул во уште понезгоден период, само на еден месец до стартот на Светското првенство во Катар, каде што ќе патува сигурно со германската репрезентација ако е фит.
Сане има пукнатина на бутниот мускул на левата нога, а се повреди вчера, на дуелот меѓу Баерн и Фрајбург, што заврши со резултат од 5:0 за Баварците за кои игра Сане.
Во 76-тата минута Лерој мораше да го напушти теренот, а сè уште не се знае колку е тешка повредата и колку време опасниот офанзивец ќе мора да паузира.
Сезонава тој игра во топ-форма и постигна пет гола во Бундеслигата и четири во Лигата на шампионите, па јасно е дека ако не игра во Катар, тоа ќе биде голем проблем за селекторот Ханси Флик, а Германците ќе бидат хендикепирани во походот кон петтата светска круна.