Флик: Македонија покажа дека е незгоден противник, но ние имаме тим со победнички карактер

Германија се мачеше, но, на крај со 2:1 ја победи Романија и се зацврсти на првото место во групата Ј од квалификациите за Светското првенство во Катар.

Тимот, кој сега е предводен од Ханси Флик дојде до четвртата победа под негова палка, но, свесни се дека Македонија може да ја прекине таа убава серија за Германците.

„Македонија се покажа дека е незгоден противник, но ние вечерва покажавме дека сме тим со карактер.

И покрај тоа што губевме, покажавме ментална снага и на крајот заслужено дојдовме до победата. Без разлика дали станува збор за клуб, или репрезентација, секогаш ме нервира кога ќе примиме гол“ изјави Флик на прес-конфренецијата.

Германија со овие три бода дојде до бројката од 18 и речиси и да го има загарантирано првото место во групата и пораз против Македонија нема многу да им ги помати сметките.

- Оглас -

Најнови вести