0.8 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Флик: Ми личи на шега што ФИФА не го стави Рафиња во тимот на годината

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, смета дека не е фер што Бразилецот Рафиња кој игра за неговиот тим, не се најде во идеалната 11-ка за 2025 во изборот на ФИФА.

„Не сакам да кажувам кој е подобар, но изненаден сум што Рафиња не е во идеалниот тим на ФИФА. Ми се чини како некоја шега. Влијанието на Рафиња беше неверојатно. Рафиња беше највлијателниот играч во нашиот тим минатата сезона. Во Лигата на шампионите, тој придонесе со 22 гола. Ги гледаме неговите голови, игри, асистенции… беше неверојатен… и шега е што го нема во составот на светот. Не е фер и морам да го кажам тоа. Не можам да верувам“, рече Флик кој е најзаслужен за експлозијата на крилото на Барса бидејќи имаше доверба во него и го задржа кога сакаа да го продадат во летото 2024.

 

- Оглас -

Најнови вести