Флик: Мило ми е што конечно заврши гадниот ноември!

Барселона синоќа ја запре лошата серија резултати во шпанската лига, славеше со 5-1 на гостувањето кај Мајорка и покрај тоа што првиот стрелец Роберт Левандовски беше на клупата, но им се врати Ламин Јамал, кој го изнуди клучниот пенал.

Тренерот на Каталонците, Ханси Флик, рече дека е среќен што завршил „гадниот“ ноември, во кој на шест меча во сите натпреварувања Барса имаше три победи, два порази и едно реми.

„За нас е многу важно да постигнуваме голови. На претходниот натпревар создадовме многу шанси, но ги пропуштивме, затоа мило ми е што овојпат постигнавме пет гола. Среќен сум што овој гаден ноември конечно заврши и започна декември“, рече Флик.

И одбраната одигра добро, играчите на Мајорка десетпати беа фатени во офсајд.

- Оглас -

Најнови вести