Флик: Мора да ја заборавиме болната елиминација од ЛШ, време е за Ел Класико

Барселона на болен начин го заврши сонот за освојување на титулата во Лига на шампиони откако со 4:3 загуби од Интер, во возвратниот меч во Милано. По двата дуели, Интер се пласираше во финалето со вкупен резултат од 7:6.

Сите во таборот на каталонскиот гигант беа разочарани поради неуспехот во ЛШ и бараа разни причини за елиминацијата. Сега, откако малку стивнаа емоциите, тренерот Ханси Флик, потенцираше дека сите мора да се фокусираат на тоа што следи.

А следи Ел класико против Реал Мадрид. В недела во Барселона, ќе се игра дуелот кој може да реши многу енигми околу шампионот во Шпанија. Моментално Барселона е прва на табелата со четири бода повеќе од Реал Мадрид.

„Заврши дуелот со Интер и тоа треба да го оставиме зад нас. Мора да гледаме напред и да се фокусираме на тоа што следи, а тоа е Ел класико“, вели Флик.

Барселона и Реал сезонава одиграа три меча и на сите три победи каталонскиот гигант. Во првенството на дуелот одигран на „Сантијаго Бернабеу“ беше 4:0 за Барселона, во финалето на Суперкупот беше 5:2 за Барселона, а во финалето на Купот Барселона по 120 минути игра победи со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести