Флик не е најголемиот фан на Влаховиќ, приоритет се напаѓачите на Атлетико и Сити

Барселона налето ќе се раздели со Роберт Левандовски, а истото најверојатно ќе се случи и со Јувентус и Душан Влаховиќ. Двајцата напаѓачи ќе бидат слободни агенти налето, па долго се шпекулираше дека токму Србинот ќе биде замената за полскиот репрезентативец во редовите на „каталонците“.

Сепак, последните информации од Шпанија говорат дека тренерот на Барселона, Ханси Флик, не е најголемиот фан на Душан Влаховиќ и смета дека тој нема да се вклопи во неговиот систем. Негови приоритети се Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид и Омар Мармуш од Манчестер сити, па спортскиот директор Деко добил задача да изнајде начин и еден од нив да го доведе на „Камп Ноу“.

Аргентинецот во моментов се проценува дека вреди 100 милиони евра, додека мароканскиот репрезентативец е нешто поефтин и вреди 65 милиони евра. Сепак, токму парите се најголемиот проблем за Барселона, па Деко ќе има и тоа како тешка задача за да му исполни желбара на Ханси Флик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести