13.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Флик: Не е проблем во стратегијата, едноставно направивме премногу грешки

Барселона го претрпе првиот пораз сезонава во шпанското првенство откако со убедливи 4:1 загуби на гости од Севилја. Каталонскиот гигант остана на 19 бодови по седум кола и тоа е доволно за второто место на табелата, два бода помалку од лидерот и вечен ривал Реал Мадрид.

Барселона има шанса да стигне до многу попозитивен резултат од ова гостување, но Роберт Левандовски промаши пенал во 76 минута. Левандовски да погодеше во тој момент, ќе израмнеше на 2:2, но откако утна, Севилја во финишот постигна уште два гола и стигна до убедлива победа и тоа прва над Барселона во последните 10 години.

По мечот, тренерот на каталонскиот гигант Ханси Флик откри која е причината за поразот.

„Имаме добар тим. Добро реагиравме по негативата од два гола. Задоволен сум од реакцијата на играчите. Не мислам дека имаме проблем со стратегијата и системот на игра. Секогаш играме на тој начин. Овојпат направивме премногу грешки. Во првото полувреме не одигравме добро. Во вториот дел бевме подобри, но секако дека треба да извлечеме поука од овој пораз. Верувам дека по интернационалната пауза која следи, ќе се вратиме уште посилни. Мора да ја чуваме енергијата за до крајот од сезоната“, рече Флик.

Барселона пред неколку дена загуби и од ПСЖ во Лига на шампиони, што значи дека тимот на Флик влезе во лоша мини серија.

 

- Оглас -

Најнови вести