10.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Флик: Не гледав Реал Мадрид – Селта, спиев тоа време!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел со Ајнтрахт од Лигата на шампионите, беше прашан да даде коментар и за натпреварот Реал Мадрид – Селта, а одговорот беше во негов стил.

„Не гледав, спиев тоа време. Ги видов пораките кои ми стигнале после мечот. Ги видов пораките. Фокусиран сум на нас, тоа е најважното нешто. Не сакам да зборуваме за ривалите. Имаме четири бода предност, но патот е долг. Мора да го дадеме најдоброто од себе. Најважниот натпревар сега е утрешниот против Ајнтрахт“, рече Флик.

- Оглас -

Најнови вести