Флик: Не смееме да си дозволиме повеќе да пукаме во празно

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханси Флик, смета дека следниот дуел на неговите фудбалери, против Шпанија е како финале на Мундијалот во Катар. Германија во првото коло доживеа шокантен пораз од Јапонија со 2:1 и сега мора да се вади против Шпанија.

„Не смееме повеќе да пукаме во празно. Против Јапонија го сторивме токму тоа, но повеќе не смее да ни се случи такво нешто. Против Шпанија мора да бидеме многу подобри“, изјави Флик.

Германија се соочува со елиминација од СП во Катар уште во групната фаза доколку загуби и од Шпанија која во првото коло славеше со убедливи 7:0, а Јапонците останат непоразени против Костарика.

Доколку се реализира ова сценарио, тогаш Германците на две Светски првенства по ред, во Русија 2018 и сега во Катар, нема да ја поминат групната фаза.

„Мора да се обидеме да одиграме подобро против Шпанија. Секој играч што ќе се појави на теренот мора да одигра подобро“, додаде Флик.

- Оглас -

Најнови вести