Флик: Освоивме важни три бода, не ме интересира што прават другите тимови

Барселона стигна до многу значајна победа на гости во Мадрид, откако со 2:1 славеше над Атлетико во дербито од 40 коло во шпанското првенство. По овој триумф на каталонскиот гигант, но и по поразот на Реал Мадрид на гости кај Мајорка, сега разликата меѓу двата најголеми ривали е седум бодови во корист на Барселона.

„По црвениот картон за домашниот тим, ние ја имавме контролата на играта и на крајот освоивме три многу значајни бодови. Секогаш потенцирам дека не ми е гајле за другите тимови. Фокусирани сме на нашата работа. Имаме уште работи да подобриме“, по мечот рече тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Стратегот на Барселона ја објасни ситуацијата со Ламин Јамал кој делуваше луто по завршување на мечот, но даде свое мислење и за ситуацијата во која фудбалерот на Барселона доби црвен картон, но по прегледување на ВАР снимката, одлуката беше променета и каталонскиот гигант остана со сите 11 играчи на теренот.

„Ламин Јамал напорно работеше, дриблаше, напаѓаше, се обиде се да направи, но не постигна гол. По мечот тој беше малку вознемирен затоа што ова беше дуел со многу емоции. Тоа е нормално. Воопшто не е лесно да се игра тука, на таква атмосфера. Сега во соблекувалната ќе биде се во ред. Многу сум среќен што победивме“, вели Флик, а потоа додаде: „Не го видов инцидентот со Герард на телевизија, но тоа што го видов во живо, јасно видов дека тој прво дојде до топката и за мене тоа никако не е црвен картон“.

- Оглас -

Најнови вести