Барселона го освои првиот трофеј во 2026 година откако по голема борба со 3:2 славеше над најголемиот ривал Реал Мадрид. За Флик ова е осмо финале како тренер и во сите осум неговиот тим победувал, што значи дека го задржа стоостотниот учинок што го има.
Самиот Флик беше пресреќен бидејќи исто како минатата сезона, во финалето на Суперкупот го победи Реал Мадрид и откри што било клучно за тоа неговиот тим да се радува на крајот.
„Го заслуживме трофејот. Сите играчи 100 отсто се бореа за тимот, за амблемот на клубот, за навивачите. Тоа е клучот за победата. Ова финале беше многу важно за нас затоа што секогаш е убаво да се победи против Реал Мадрид. Многу сме среќни. Добро е кога сме фокусирани и сконцентрирани како што бевме на овој натпревар. Тоа е многу важно, го контролиравме мечот и бевме со самодоверба на теренот“, рече Флик.

