18.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Флик откри како Барселона успеа да направи пресврт кај Овиедо кој никогаш претходно не се случил

Барселона потешко од очекуваното стигна до победа на гостувањето кај Овиедо со 3:1. На полувремето Барселона губеше со 1:0, а историјата и традицијата покажуваа дека кога Каталонците биле во негатива по првите 45 минути кај Овиедо, никогаш не победиле. Претходно, во 12 меча на кои Барселона на полувреме губела кај Овиедо, имаше 11 порази и само едно реми.

Сепак, оваа непријатна традиција за Барселона заврши синоќа затоа што во второто полувреме гостите постигнаа три гола и стигнаа до триумф. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен од победата и откри дека клучно за пресвртот биле направените измени во вториот дел, кога во игра влегоа Френки де Јонг и Роберт Левандовски.

„Затоа се тие во тимот. Во првото полувреме игравме добро, иако тие постигнаа гол, но имавме многу шанси. На полувремето им кажав на момците дека мора да продолжиме, да играме смирено и да бидеме самоуверени со топката, и тоа го направивме добро. Секако, ги направивме замените во вистинско време, со Френки и Леви, и успеавме да ги освоиме трите бода“, рече Флик.

Барселона сега има 16 бода од шест меча и пред неа е само вечниот ривал Реал Мадрид, кој има максимални 18 бода во досегашниот дел од шампионатот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести