Флик откри кој е најголемиот проблем на Баерн, добро е обложувачите да го знаат

По 14 одиграни кола, Баерн Минхен е лидер во Бундеслигата, но има само два бода повеќе од вториот Лајпциг. Во последното коло, Баерн на свој терен на полувремето губеше со 0:2 од Мајнц, но во вториот дел домаќините заиграа многу подобро и стигнаа до убедливи 5:2.

На мечот против Мајнц само се потврди кој е најголемиот проблем на германскиот првак, а тоа е играта во првото полувреме. И тренерот Ханс-Дитер Флик знае дека мора да се подобри играта во првите 45 минути.

„Треба да имаме различен пристап и динамика уште од првата минута. Не треба да чекаме да дојде 48-49 минута за да влеземе во посакуваното темпо. Мора да бидеме поконцентрирани во дуелите еден на еден, да го зголемиме радиусот на движење, а не да дозволуваме противниците да излегуваат сами пред нашиот голман Нојер. Не смееме да дозволиме да помине едно цело полувреме, а потоа да заиграме во нашиот ритам“, рече Флик.

Дека играта на Баерн во првите 45 минути навистина е проблем покажува и фактот дека на последните седум меча што Баерн ги одигра, четири пати играше нерешено, а три пати беше во негатива, додека ниту еднаш немаше предност по првиот дел.

 

- Оглас -

Најнови вести