Флик откри од што е задоволен, а од што се разочарал по мечот со Њукасл

Барселона со гол буквално во последната секунда се спаси од пораз на гостувањето кај Њукасл во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант беше далеку од нивото на кое се навикнати да играат. Њукасл едноставно не дозволи Барселона да ја контролира топката, па на англискиот тим малку му фалеше да стигне до победа.

По средбата, тренерот на Барселона, Ханси Флик, призна дека неговите играчи не биле на посакуваното ниво на игра.

„Позадоволен сум од резултатот отколку од играта. Не одигравме добро кога се работи за контрола на топката, но се браневме добро како тим. Не беше лесно да се игра на овој стадион каде што публиката е фантастична. Мечот имаше силен интензитет, но ние не смеевме да си дозволиме да имаме толку многу грешки“, вели Флик, кој додаде дека на реваншот на „Камп ноу“ ќе биде поинаку.

„На реваншот ќе видите една сосема поинаква Барселона. Сега мора малку да одмориме, па ќе мора да се подготовиме за следните средби. Кога се игра на такво ниво во Лигата на шампионите и во Примера дивисион, нормално е да има вакви моменти“, вели стратегот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести