14.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Флик побарал од Араухо да даде гол, тој веднаш му возвратил дека сигурно ќе погоди само да влезе во игра

Роналд Араухо е херојот на Барселона, откако го постигна победничкиот гол во дуелот против каталонскиот ривал Жирона. Барселона победи со 2:1 и во добро расположение ќе патува во Мадрид каде следниот викенд ги чека дуел против вечниот ривал Реал.

Араухо беше резерва против Жирона, а во игра влезе во второто полувреме кога на Барселона ѝ беше потребен гол за триумф. тренерот Ханси Флик буквално му даде задача на Арахуо да игра во напад и да се обиде да постигне гол, што на крајот и се случи.

Не е случајно што Араухо доби задача да игра во нападот, затоа што тој до 16 години играл како напаѓач, а и на тренинзите на Барселона често постигнува голови.

„Знаеме дека Араухо често постигнува погодоци на тренинзите и почувствував дека на мечот против Жирона може да направи разлика. И тој самиот беше уверен дека може да помогне како напаѓач на овој меч. На крајот се покажа дека е така“, открива Флик.

И самиот Араухо открива дека бил подготвен да заигра во нападот.

„Кога тренерот ме праша дали сум подготвен да влезам во игра како напаѓач, во ниту еден момент не размислував и веднаш реков ДА. Му реков дека сум и сигурен дека ќе дадам гол“, вели херојот Араухо.

- Оглас -

Најнови вести