Тренерот на Барселона, Ханси Флик, пред неколку дена имаше прес-конференција на која го најави мечот со Хетафе, но таа двапати мораше да биде прекината, бидејќи германецот излегуваше од просторијата поради кашлица.
Еден од новинарите кои редовно ја следат Барселона, Чави Лемус, му пријде на тренерот и му даде бомбона, па тука завршија и проблемите со кашлицата, а на новата прес-конференција Флик не му остана должен на новинарот.
Уште при самото влегување во просторијата, Флик отиде кај Лемус и му даде иста таква бомбона, а гестот на германецот наиде на воодушевување кај останатите присутни кои со аплуз ја проследија сцената.
Hansi Flick és tot un cavaller, avui m’ha tornat per triplicat el caramel que li vaig donar dimarts davant l’atac de tos. Crac. pic.twitter.com/cB78URqx9o
— Xavi Lemus (@xlemus) September 27, 2024