Ханси Флик потврди дека по завршувањето на Европското првенство ќе биде назначен за нов селектор на Германија.
Моменталниот тренер на Баварците утре за последен пат ќе биде на клупата на клубот со кој освои две титули во Бундеслигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Купот на Германија, а потоа ќе чека цека околу еден месец пред да биде назначен за нов кормилар на Панцерите.
„Разговарав со управата на германската федерација. Сите знаат што чувствувам кон националниот состав. Преостанаа само ситни детаљи да се решат пред официјалната потврда дека ќе бидам новиот селектор“, истакна Флик за германските медиуми.
Флик од 2006 до 2014 година му беше десна рака на Јоаким Лев, а според многумина, токму сегашниот тренер на Баерн е креаторот на генерацијата која ја освои светската титула во Бразил пред осум години. Согласност на соработката е постигнат до јуни 2024 година.
Потврдата на Флик значи дека Панцерите во Скопје ќе пристигнат со новиот кормилар кога на есен ќе треба да го одиграат вториот квалификациски дуел за СП 2022 против нашата Македонија.