Флик потврди: Утре на голот на Барса ќе биде Тер Штеген

Марк Андре Тер Штеген се враќа на голот на Барселона, и утре на гостувањето кај Ваљадолид ќе биде стартер, потврди тренерот Ханси Флик.

Германскиот репрезентативец не играл повеќе од седум месеци, утре се навршуваат 222 дена од последниот негов настап, кога на 22-ти септември против Виљареал ја скина пателарната тетитва на десното колено.

Кога се дозна дека Тер Штеген ќе има долга пауза, Барселона потпиша со Војчех Шчесни, кој се пензионираше само неколку месеци претходно, па се реактивираше.Во прво време бранеше Ињаки Пења, но подоцна довербата ја доби полскиот голман, кој сега е голман број еден на Барса.

Тер Штеген има одиграно 420 натпревари за Барса, клубот на кој му се приклучи во летото 2014 година. Тој е еден од капитените на каталонскиот тим, но утре ќе брани само за Шчесни да се одмори малку. На наредните мечеви, веројатно пак Шчесни ќе стои меѓу стативите.

- Оглас -

Најнови вести