Барселона по поразот од Реал Мадрид има одлична шанса да се врати на победничките патеки, со оглед дека на домашен терен го пречекува составот на Елче. Сепак, пред да се осврне на следниот натпревар, Ханси Флик имаше свој коментар за Ламин Јамал и се што се случува околу него во последниот период.
„Цела недела ли ќе се зборува за Ламин? Всушност, сите недели се зборува за него. Добро е. Токму што разговарав со него и е добро. Некои денови има лесни болки, но добро се развива. Разговараме нормално со него, искрени сме. Секогаш ќе го заштитувам и ќе му помагам на Ламин. Фантастичен е, многу млад.“ – рече Флик.
Потоа се осврна и на мечот против Елче и откри одлични вести за навивачите, а тоа е враќањето на Роберт Левандовски и Дани Олмо.
„Ќе биде поинаков натпревар, ми се допаѓа како игра Елче. Тие се како блок, се обидуваат да бидат заедно во пронаоѓањето решенија. Треба да го следиме нашиот план на натпреварот. Многу ми се допадна тоа што го видов на тренинзите последните два дена. Се враќаат Леви и Олмо, но го губиме Педри. Така е, мора да го прифатиме. Не изненади повредата на Педри. Имаше лесни болки, но прегледот покажа дека е повреда. Ќе ни недостига еден од нашите најдобри играчи. Важен е за поседот на топката. Но мора да се снајдеме. Да се надеваме дека брзо ќе се врати.“ – вели Германецот.

