Барселона и Интер вечерва го играат првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, а како што вели Ханси Флик, и двете екипи се на два меча од големото финале. Барселона со трофеј од Купот на Шпанија освоен против вечниот ривал Реал Мадрид влегува во ова финале, додека Интер има серија од три порази.
„Фокусирани сме на овој натпревар. Знаеме колку е важен бидејќи во игра е финалето на Лигата на шампионите. Победата против Реал Мадрид ни дава дополнителна вредност и ни дава уште поголема мотивација. Мора да се потрудиме за да играме во мечот за трофејот. Сон на секоја екипа е да стигне до оваа фаза од натпреварувањето. Интер има состав на играчи за кои ова можеби е последна шанса да стигнат до толку голем натпревар. Сигурен сум дека ќе дадат сè од себе. Сега не е време да зборувам за почетниот состав. Интер играше во неделата и тие немаат многу време за одмор. Ние и Интер сме на два меча од големото финале, натпреварите од минатото веќе немаат никакво значење“, рече тренерот на Барселона, Ханси Флик.