Флик: Разочарани сме што не постигнавме повеќе голови

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не беше задоволен по ремито на Барселона 1-1 против тимот на Хетафе во натпреварот од 20-то коло на шпанската Ла Лига. Неговиот тим повторно не успеа да го скрши отпорот на Хетафе и направи нов резултатски „кикс“ во трката за титулата во Шпанија.

„Хетафе добро се брани, а ние не бевме ефикасни во нападот. Сакавме да победиме и имавме можност за тоа. Разочарани сме што не постигнавме повеќе голови. Можете да видите што значи да се игра овде, на теренот на Хетафе. Добро се бранат. Создадовме шанси, но не бевме прецизни. Мораме да продолжиме напред. Повторувам, создадовме шанси, особено во првото полувреме. Но, мислам дека ни недостигаше прецизност во додавањата пред противничкиот гол“, изјави тренерот на Барселона.

Флик се осврна и на однесувањето на навивачите на Хетафе, кои неколку пати ја преминаа границата на добриот тон, а во еден момент дури си дозволија и расистички испади.

„Овој стадион бурно реагира на секој епизода, на секој контакт. Никогаш не сум доживеал нешто вакво. Ова е незамисливо, нема место за ова ниту во фудбалот, ниту во животот. Овие луѓе треба да останат дома, а ние мора да се бориме против ваквото однесување. Оние кои се блиску до нив мора да преземат нешто, затоа што ова е неправедно и без основна почит“, заврши Флик.

- Оглас -

Најнови вести