Барселона утревечер гостува кај Мајорка во меч од шпанската лига, а тренерот на Каталонците, Ханси Флик, рече дека нема намера да го смени голманот Ињаки Пења и да му даде шанса на ветеранот Војчжќех Шченсни, кој ја прекина пензијата и потпиша за Барса по повредата на Марк-Андре Тер Штеген.
„Шченсни имаше многу добар тренинг денес, но во моментов не планирам да го менувам голманот. Ињаки е прв голман и останува така. Сум го кажал ова и претходно“, рече Флик.