10.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Флик со ново разочарување за навивачите на Барселона

Барселона вечерва ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите, и тоа на гости кај Њукасл. Каталонскиот гигант ја нема улогата на фаворит затоа што ќе биде без еден од своите најдобри играчи. Ќе фали тинејџерот Ламин Јамал, кој има повреда заработена додека играше за репрезентацијата на Шпанија.

Јамал не играше против Валенсија, а Брселона победи убедливо со 5:0. Тренерот Ханси Флик потврди дека Јамал нема да биде подготвен ниту за следниот меч од првенството на Шпанија, кога каталонскиот гигант на свој терен ќе игра против Хетафе.

„Треба да се фокусираме на играчите кои ги имаме на располагање. Јамал не е тука, а нема да биде подготвен ниту за дуелот во недела. Мора да почекаме и да видиме што ќе се случи. Докторите прават одлична работа, а Јамал на теренот ќе се врати само тогаш кога ќе биде 100 отсто подготвен. Млад е и мора да се грижиме за него“, рече Флик.

- Оглас -

Најнови вести