Флик: Утре играме против најдобриот тим

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали утрешниот нивен противник, Атлетико Мадрид. Двата тима имаат ист број бодови на врвот во Ла Лига, но Јорганџиите имаат и одиграно еден натпревар помалку.

„Ќе биде многу тежок натпревар. Тие се најдобриот тим досега. Имаат 11 победи по ред. Мора да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута. Атлетико постигнува многу голови во завршните минути“, изјави Флик.

Германскиот стручњак верува во победа, а ја коментираше и променливата форма на неговиот тим.

„Летоска го започнавме проектот, а сега на 20-ти декември сме први во Ла Лига и втори во Лигата на шампионите. Не е лошо. Испуштивме бодови против Лас Палмас и Леганес. Почит за нив бидејќи одиграа подобро од нас и тоа мора да го прифатиме. Утре имаме уште една шанса да се докажеме“, додаде Флик кој рече дека не одлучил кој ќе игра на местото на повредниот Ламин Јамал.

- Оглас -

Најнови вести