Флик веќе ги засука ракавите, познати се првите две имиња кои доаѓаат во Барселона

Ханси Флик наскоро и официјално ќе биде промовиран за нов тренер на Барселона, а Германецот уште сега се фати за работа ѝ и порача на управата кои да бидат првите две засилувања во летниот преоден рок.

Според каталонските медиуми, прва желба на Германецот е капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, кој може да си замине од „Алијанц арената“ во случај да пристигне понуда од 40 милиони евра.

Второто засилување за Флик е веќе договоренот и Германецот нема никаков проблем со тоа. На Гвидо Фернандес му заврши договорот со Бетис и тој на „Камп Ноу“ ќе пристигне како слободен играч.

Официјалната промоција на Флик како тренер на Барселона би можела да се случи наредната недела, откако викендов ќе заврши сезоната во Ла Лига и Чави Ернандес ќе добие отказ.

Иако минатиот месец, Чави ја промени одлуката и изјави дека ќе го одработи договорот со Барселона до крај, тој даде неколку изјави во јавноста кои не му се допаднаа на претседателот Жоан Лапорта кој пак му подготвува отказ.

Чави за медиумите изјави дека не е сигурен дека Барселона може да биде финансиски конкурентна со најголемите клубови во Европа и со Реал Мадрид во Шпанија и дека повторно би можел да остане без посакуваните засилувања за следната сезона.

Поради ваквите изјави, Лапорта му подготви отказ на Чави и веќе се договори со Ханси Флик да биде нов тренер.

- Оглас -

Најнови вести