Флик: Во првото полувреме имавме проблем со реализација, потоа сè си дојде на свое место

Селекторот на Германија, Ханси Флик, е среќен што токму Германија е првата репрезентација што успеа да обезбеди место на завршницата на Светското првенство во Катар.

„Успеавме да се квалификуваме. Ние сме прва селекција која успеа да обезбеди место во Катар. Во првиот дел имавме малку проблеми со реализацијата на шансите, но во вториот дел дојде сè на свое место и успеавме да го добиеме овој меч. Важно беше што брзо дадовме гол во второто полувреме и тогаш го отклучивме јазолот на противникот. Немавме многу време за тренинг, но нашиот квалитет дојде до израз и успеавме да победиме“, задоволно по мечот рече Флик, кој потенцираше дека Германија се враќа кон врвот на светскиот фудбал.

Флик посебно беше задоволен од добрата игра на Тимо Вернер и го пофали неговиот втор погодок, а трет на мечот.

- Оглас -

Најнови вести