18.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Флик за повредата на Јамал: Не е целосно санирана, се враќа и исчезнува!

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за состојбата на Ламин Јамал, кој вчера против Елче даде гол, негов прв од август наваму, а уште не е целосно фит од повредата на препоните.

„Неговата повреда треба да се третира. Не можам да кажам дека повредата е целосно исчезната, таа доаѓа и си оди. Мора да научиш да се справуваш со неа“, рече Флик.

Иако играчот на Барселона ја подобри својата игра, сè уште не ја вратил својата најдобра форма која ги воодушевуваше сите.

Инаку, синоќа имаше и една друга новина во врска со Јамал, 18-годишниот играч откако даде гол, не прославуваше симулирајќи ставање круна на главата, туку со бакнување на логото на Барса. Ова се толкува како негово спуштање на земја бидејќи ниту на некои од неговите соиграчи не им беше баш мило кога тој си се претставуваше како крал. 

- Оглас -

Најнови вести