Флик задоволен: „Заслужено победивме, горд сум на овие момци“

Германскиот стратег на клупата на Барселона, Ханси Флик, во својата тренерска кариера седумпати ги предводел екипите кои ги тренира во финале на некое натпреварување и секогаш успевал да победи.

Со Баерн Минхен ги освојуваше германскиот Куп и Супер куп, но и Лигата на шампионите, европскиот Супер куп, како и Светското клупско првенство. Со Барселона има два од два и тоа победувајќи го најголемиот ривал, Реал Мадрид, во финалните натпревари и во Купот и во Супер купот, па сосема нормално е задоволството, но и среќата поради успехот кои ги покажа пред новинарите на прес-конференцијата после фантастичното финале против „кралевите“.

„Горд сум на оваа екипа. За мене е неверојатно како секогаш успеаваат да најдат решение на терен, како се борат за екипата. Многу, многу сум горд на нив. Пресреќен сум и поради навивачите, поради нашата екипа, стручниот штаб и секако поради клубот. Беше навистина неверојатно. Го заслуживме ова и многу сум среќен. Ова беше сјаен момент за клубот, иако во второто полувреме не бевме добри. На крајот имавме поддршка и од навивачите. Во продолженијата одбранивме две шанси на Реал, а постигнавме победнички гол. Тука сум со мојата екипа за да направам позитивна атмосфера во клубот и соблекувалната, за да можат момците да уживаат на терен, да го сакаат фудбалот, да играат со радост и да покажат што умеат. За мене е важно да имаме таква атмосфера во соблекувалната, а играчите да знаат дека веруваме во нив. Беше прекрасно да се следи од клупа како успеаја да направат пресврт. Секогаш размислувам позитивно, така беше и сега. Ја заслуживме победата, се беше како што треба, а Кунде направи одлична работа. Совршена вечер за нас. Кога прифаќате ваква работа, мора да размислувате позитивно. Бев изненаден колку сите беа љубезни и убаво ме пречекаа. Од првиот ден се чувствувам многу среќен во Барселона.“ – рече Флик во прилично долгата изјава на почетокот на официјалната прес-конференцијата после освоениот трофеј од Купот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести