-2.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Флик збесна: Во Шпанија има добри судии, но има и такви како Мансано

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, после поразот од Реал Сосиедад беше разочаран и лут на судијата Хесус Хил Мансано.

„Одигравме фантастичен натпревар, создадовме многу шанси… Но резултатот не го одразува она што го видовме за време на натпреварот. Има денови кога сè правиш како што треба, но немаш среќа. Имаше моменти кога требаше подобро да се браниме, но на крајот на краиштата, тоа е фудбалот“, рече Флик.

Потоа Германецот не го криеше својот гнев од судиите кои им поништија три гола, а по интервенцијата на ВАР системот, беше поништен и досуден пенал во нивна полза.

„Ла Лига има добри судии, а има и вакви, како овој човек. Не сакам да трошам повеќе енергија зборувајќи за него. Ги прочитав коментарите пред натпреварот и сите знаат каков е. Сите видоа што направи вечерва. Овие судии во ВАР, тие се истите што ни го направија тоа минатата сезона, нели? Браво“, додаде Флик со сарказам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести