Тигран Барсегјан го постигна решавачкиот гол за Ерменија во 74-тата минута и ги нокаутира Грците, кои се обидуваа со сите сили да израмнат на квалификацискиот дуел од групата Ј за пат на ЕП 2020 година.
Поранешниот играч на Вардар искористи еден контранапад при резултат 3:1 за неговата репрезентација, најпрво ја погоди рамката на голот, а потоа топката како на флипер му се врати за да ја смести во мрежата на Влаходимос.
Претходно Карапетјан и Газарјан погодија за 0:2 на полувремето, Зеца намали на 1:2, па Барсегјан даде гол за победа, а Фортунис само намали на 2:3, што беше и конечен резултат во Атина.
Тигран играше за Вардар од 2016 до 2018 година и беше дел од генерацијата што успеа да постигне историски успех и да игра во фазата по групи во Лигата на Европа.
Вечерва заедно со него играше уште еден поранешен член на Вардар, Хоф Хамбарѕумјан, а и тој, како и Барсегјан, го одигра целиот меч во победата против Грција со 3:2.