Флора има 34 победи на 34 натпревари против Парну, ГАК никогаш не загубил од Амстетен (Фото)

1909 – ГАК – Амстетен (17:45)

Екипата на ГАК Грац е голем фаворит против Амстетен во првото коло од втората австриска лига. Овие две екипи имаат интересна историја на меѓусебните дуели. Досега имаат одиграно девет натпревари и секогаш имало најмалку по три гола, што е гаранција за ефикасен натпревар и денес.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.10)

 

4692 – Куско – Кантолао (22:00)

Екипите на Куско и Кантолао се во средината на табелата на перуанското првенство, но домашните се големи фаворити на денешниот натпревар. Куско на последните два натпревари му даде по три гола и дома и на гости на Кантолао, кој веќе четири години нема победа против денешниот противник.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.95)

 

2432 – Рапид Б. – Ботошани (20:30)

Рапид Букурешт како фаворит влегува во дуелот против Ботошани, кој се игра во рамките на третото коло од романското првенство. Домашните имаат четири бода, додека гостите само еден. Ботошани само еднаш го има победено Рапид, и тоа во 2014 година, а дуелите помеѓу овие две екипи секогаш се ефикасни.

Предлог тип: 1 & 3-6 (2.30)

 

2621 – Ескилстуна – Сковде (19:00)

Екипата на Ескилстуна како благ фаворит влегува во дуелот против Сковде, пред сè, поради пласманот на првенствената табела. Сковде е убедливо последен на табелата, но и Ескилстуна има лоша сезона и е само на две позиции над црвената линија. Шведското првенство важи за ефикасно, а така се очекува да биде и на овој натпревар.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.45)

 

3545 – Флора Талин – Парну (18:00)

Жестока борба за шампионската титула се води во првенството на Естонија. Екипите на Флора и Левадија се во мртва трка за шампионската титула, а Флора има бод помалку на табелата. За да го задржи чекорот, домашните ќе мора да победат, а денес имаат противник против кого одиграле вкупно 34 натпревари и победиле на сите! Последните пет победи се остварени најмалку со четири гола, односно 5-1, 4-0, 7-1 и 3-1. Вкупно 24 натпревари помеѓу овие две екипи завршиле со 4+ голови.

Предлог тип: 1 & 4+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести